[English Version]

ФРИК ФЕСТИВАЛ - СКОПЈЕ 2010

Oваа година Ви го претставуваме второто издание на Фрик фестивал-колективен мозаик од индивидуални идеи во рамките на современата независна сцена.
ФРИК Фестивалoт останува на фронтот за здрава и активна критичка мисла, верувајќи во различноста, свесни за фрустрациите, несвесно бивајќи заштитени од фобиите, ослободени од лажни идеолошки уверувања. Ве покануваме да земете учество во културолошкото градење на себе си како и нашиот заеднички простор во кој мораме да најдеме начин непречено да функционираме. Една поинаква содржина на сѐ она што е и што може да биде човекот, а луѓето пред се сѐ различни.
Нашиот град се менува со полна пареа и Фрик банда Ве поканува на слободно движење низ Скопје. Доволно беа заседанија и седници! Cамо преку слободна критичка мисла, која e ослободена од стереотипии и предрасуди, како и постојано мотивирање на социјално ангажираната уметност и продукција, можеме да ги разбереме сопствените чувства и да се одлучиме како ќе учествуваме во градењето на вредностите во средината во која живееме.
04.06.2010
Отворање на ФРИК Фестивал со работилница, перформанс и ДЈ-сет на уметничката трупа Dhalaristan. Придружете се на нашата интерактивна работилница во 20:30 за да ја откриете и создадете сопствената Далари-Скопска фолклорна традиција- интерактивен перформанс во 22:00 часот и ДЈ сет на Д-р Далари Велики!
Локација:
Стадион Вембли, позади зградата на Тутунски Комбинат (организиран пречек кај стара рампа во Кисела Вода)
Почеток:
20:30
Групата Dhalaristan се дефинира себе си како фолклорна трупа која е посветена на преиспитувањето на ритуалите и традицијата на луѓето Dhalarii. Шаренолика група на учесници, основана во Берлин која работи на создавањето на фолклор / традиција и обичаи. Истуреното крило на амбасадата на трупата прави европска турнеја од мај до јули 2010 година. Повикувајќи ги луѓето од локалните заедници да соработуваат со нив, во понатамошното збогатување на културното искуство и значењето на она што значи да се биде Dhalarii - идентитет кој ги надминува политичките, расните и етничките граници. Трупата преку работилници ќе ја открива, (ре)создава постоечката култура на Dhalaristan односно ќе креира нови елементи кои ќе кулминираат во перформанс со кој поранешните и новите членови на трупата ќе ја претстават новоразвиената култура на Dhalaristan. Секој може да стане Dhalarii. Dhalaristan е државата која ја создаваат преку соработка.
05.06.2010
ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ СПОМЕНИК ПРИСТИГНУВА НА ПЛОШТАДОТ ВО АВТОКОМАНДА!
Локација:
Плоштад во Автокоманда, Гази Баба
Почеток:
19:00
Луѓето од Даларистан на Скопје, нивната нова престолнина, ќе му подарат споменик на постаментот кој го чека веќе 2 години својот херој.
Придружете ни се во 19:00 во создавањето, местењето и откривањето на новиот споменик на плоштадот во Автокоманда!
08.06.2010
Германски и литвански експериментални филмови
Локација:
На платото пред кафе-книжарница Магор
Почеток:
21:00
Програмата е селекција на 6 кратки уметнички филмови од германски и литвански уметници селектирани од Вибке Стадлер. Селекцијата е составена од филмови кои се обидуваат да направат скица на портрет преку различни методи на визуелен пристап, лингвистика и ре-претставување. Автори на филмовите се: Тимо Ширхон, Штефан Панханс, Бјорн Ласт, Марти Кислинг, Лиор Шамриз и Дариус Зиура. Авторите избираат најразлични теми и интерпретации, заедно се обединети во селекцијата на Вибке.
12.06.2010
Селекција на кратки филмови и видео арт на млади режисери и уметници
Локација:
Стара чаршија - Фрик центар (крајот од паркингот кај ТЦ Мавровка)
Почеток:
21:00
Патрик Мендез (1981), Португалија
Роден е во Рон (Франција), но на петгодишна возраст се преселил во Португалија каде што се стекнал со основно и средно образование. Дипломирал на Конзерваториумот за Кинематографија во Лисабон (2005г.). По завршувањето на студиите по режија и монтажа, работи како асистент, режисер и продуцент на независни кратки филмови остварувајќи соработки со реномирани режисери како Педро Коста, Џао Канијо, Вернер Шротер, Еквин Грин и Фернардо Лопез.
Синдромот Стендал (2008), краток филм, во боја, супер 8мм, 8’ 16’’
Ладна крв (2009), краток филм, во боја, супер 8мм, 13’ 49’’
Синхротрон (2009), краток филм, ц/б, супер 8мм, 13’ 12’’
Јурга Забукајте (Литванија)
Студент на постдипломски студии по современа склуптура на Академијата за уметности во Вилниус, Литванија. Работи на истражување на телото преку употреба на современиот танц како уметничка пракса и современиот перфоманс како теориска основа. Нејзиниот фокус е телото како субјект во време и простор односно време и дејствување во визуелната култура. Учесник е на повеќе реномирани фестивали за филм и нејзиното последно претставување е на Канскиот фестивал 2010 година.
Гравитација (2009), краток филм, 6’18’’
Љубовна сцена (2009), краток филм, 8’16’’
Медитација (2009), краток филм, 8’ 6’’
Иво Бару (1978), Битола, Македонија
Роден е на 12 октомври во Битола, Република Македонија. Дипломирал на отсекот филмска режија на Националниот универзитет за театар и филм "I.L.Caragiale" во Букурешт, Романија (2006 г.). Оттогаш работи како независен автор.
Дали имате една минута....Тоа е одлично! (2003), краток филм, 35мм, ц/б, 9'
Еден ден од животот на Васил Маринус (2002), краток филм, 35мм, ц/б, 5'
Ретка сенка (2008), краток филм, 35мм, во боја, 4'
ОПА, Скопје, Македонија
(Опсесивно Посесивна Агресија) е уметничка соработка чиј фокус е истражувањето на социјалните, културни и ред други секојдневни проблематики, како и начините на гледање, размислување и однесување на одредени заедници во променливи социјални и политички услови.
“Ајде да зборуваме за...”, (2003), видео, 7’
“Red Chief 4016” (2004), видео, 5’
14.06.2010
Селекција на независната продукциска куќа Lowave (Париз, Франција) и концерт на Салеман и Две акустични локални гитари - емоционално инструментална музика
Локација:
Стара чаршија - Фрик центар (крајот од паркингот кај ТЦ Мавровка)
Почеток:
21:00
УСЛОВЕНИТЕ
УСЛОВЕНИТЕ е селекција од осум неиздадени видеа и филмови од Турски и Курдски режисери, во кои се истражуваат физичките и интелектуални вежби на индивидуи од раната возраст до тинејџерските години - години во кои умот е сензитивен на механизмите на контрола и конформизам, екстремните моќни сили во Турција.
Хатиџе Ѓулерјуз, Првите, (2000)
Ѓулдем Дурмаз, Коро, (2002)
Шенер Озмен, Нашето село, (2004)
Бурџак Казгун, На тенкиот мраз, (2008)
Етем Озѓувен, Делириум, (2005)
Еркан Озген, Потекло, (2008)
Берат Ишик, Каде што летаат пеперутките, (2008)
Ферхат Озѓур, Девојчето кое расте, (2009)
Во секое општество темелите се составени од сопствени процеси на контрола и конформизам, сепак постојат сличности помеѓу различни национални структури. Dецата во турското општество се ставени под надзор од рани години. Процесот започнува од хетеро - патријархалните семејства, преку едукациониот систем и задолжителниот милитарен сервис. Младите девојки, пак, се турнати во уште поцврста контрола од нивните сопрузи кога законски стапуваат во брак. Конформизмот е на голема врата и зема различни форми. Студентите и учениците задолжително се облечени во униформи. Секој училишен ден започнува со заклетва: Jас сум Турчин, јас сум предаден на Турција, богати се они кои се Турци. Два пати неделно студентите и учениците ја пеат националната химна.
Овие режисери се родени во шеесеттите и седумдесеттите. Сите тие припаѓаат на истата генерација на артисти кои се сведоци на социјалното драматично влијание. Збир од документарни, експериментални видеа и видео арт, овие дела се сведоштва за постоечката динамична и политичка арт сцена што се развива во Турција во последните 10 години.
*Во Првите на Хатиџе Ѓулерјуз e претставена сликата на турските ученици кои мораат да ја рецитираат националната заклетва секое утро, пред почетокот на часовите и да ја пеат националната химна два пати неделно.
Хатиџе Ѓулерјуз е родена 1968 вo Денизли, Турција, живее и работи во Лос Анџелес, Калифорнија. Мастер студиите ги завршува на Plymouth Универзитетот во Англија. Нејзините дела се прикажани на 9-то Интернационално Биенале во Истанбул, Турција; Помпиду, Париз, Франција, Беркли Арт Музеј, Сан Франциско, Музејот на Фројд, Лондон, Англија.
*Во Коро на Ѓулдем Дурмаз е претставен споменот на режисерката од посетата на нејзината тетка во турски затвор. Дејството на филмот е лоциран во фиктивна земја Оурбешистан. Жителите зборуваат оурбешки, создаден јазик за целите на филмот, со посебно внимание на граматички правила, вештачки создадени, со согласки кои потсетуваат на балканските јазици.
Ѓулдем Дурмаз е родена во Париз, во 1971. Студиите ги завршува на Сорбона во 1993 година. Добитник е на повеќе признанија и награди на многубројни интернационални фестивали ( Локарно, Венеција, Вашингтон... )
*Во Нашето село на Шенер Озмен две девојчиња пеат три пати иста традиционална курдска песна. Иако оставаат впечаток на пасивни ликови, по одредено време од филмот на нивните лица се забележуваат знаци на насилство. Чувството на непријатност се засилува со зборовите од традиционалната песна.
Шенер Озмен е роден во Турција 1971 година. Тој е курдски артист, уметник, критичар и писател. Неговите текстови се издаваат во турските дневни весници. Учествувал на повеќе заеднички изложби, а неговата самостојна изложба е во Schleicher + Lange во Париз.
*Видеото на Бурчак Казгун, На тенкиот мраз, е инспирација од сликата, омилениот медиум на Бурчак, поетска рефлексија на појавувањето и исчезнувањето, до нивните крајни граници. Видеото го повикува гледачот да го избрише индивидуалецот/ката и да го /ја интегрира во масата.
Бурчак Казгун е родена во Истанбул во 1976. Се занимава со сликарство, фотографија, видео. Нејзините слики и видеа се изложени во повеќе галерии низ светот.
*Во Делириум не се прикажани условите на децата и тинејџерите, но сепак е претставена другото лице на влијанието на современото индустријализирано општество и отворениот пазарен систем. Како да се избегнат континуираните бомбардирања на рекламните пораки?
Етем Озѓувен е роден во Турција, во 1962 година. Тој работи со видео и режира документарни видеа. Неговата работа е прикажана во повеќе од 40 држави, на многубројни фестивали и музеи. Професор е на неколку универзитети.
*Во Потекло е прикажана апсурдноста на војската, со поглед низ критичкото око кон милитарните средства кои се користат да ја контролираат и нормализираат индивидуата. Претставува рефлексија на прашањето за идентитетот, потеклото и припадноста.
Еркан Озген е роден во Турција во 1971 година. Создава инсталациони видеа и учествува на повеќе групни изложби во Турција и во други држави. Во 2003 година е куратор во Дијарбакир арт центар. Учествува на многубројни работилници во Бејрут, Дамаск, Тајпеј.
* Во Девојчето кое расте се повикува гледачот да влезе во животот на едно семејство, помеѓу една мајка и ќерка. Сцената иако остава невин впечаток, сепак содржи силни симболични конотации. Мајката се грижи за косата на нејзината ќерка, телото како сензитивен дел во исламската култура. Оваа сцена претставува генерациска доминација, традиција која се повторува и општество кое ги ги заробува младите во контролата на возрасните.
Ферхат Озѓур е роден во Анкара, 1965 година. Работи со различни медиуми, видео, фотографија, инсталација и сликарство. Учествува на 6-то Биенале во Берлин, 10-то Биенале во Истанбул и 1-то Биенале во Тирана. Неговите дела се прикажани низ многубројни музеи низ светот.
*Каде што летаат пеперутките, документарниот филм на Берат Ишик, го запознава гледачот со екстремните краеви на курдските планини. Документарниот филм дава поглед кон училишниот живот, преку неколку интервјуа со учениците кои ги разоткриваат нивните соништа
Берат Ишик е роден 1975 година во Дијабакир, каде се уште работи и живее. Тој го користи видеото да се конфронтира со социјалните и политички проблеми од неговата држава, вклучувајќи ги и темите поврзани со малцинствата. Неговите дела се прикажувани на повеќе филмски фестивали и изложби низ музеи и галерии.
15.12.2010
Селекција на независната продукциска куќа Lowave (Париз, Франција)
Локација:
Стара чаршија - Фрик центар (крајот од паркингот кај ТЦ Мавровка)
Почеток:
21:00
ОТПОР(И)
Селекција од 9 уметници кои прават експериментални филмови и видео арт од Блискиот исток и Северна Африка. Интимна, поетска и документарна работа која сведочи за регионалната комплексна, витална и различна креативна енергија.
Басма Ал Шариф, Почнуваме со мерење на растојанието, (2009)
Даниеле Арбид, Мирисот на сексот, ( 2008)
Фабијан Астор, 3494 куќи + 1 ограда (2006)
Миреј Астор, 3494 куќи + 1 ограда (2006)
Исмаил Бахри, Резонанца, (2008)
Халида Бужрие, Илуминации (2007)
Назим Џемаи, Парадата на Таос (2009)
Калед Хафеј, Револуција (2006)
77-ми проект (За претседателите и суперхероите) (2009)
Вахеда Малулах, Игра (2009)
Лариса Сансур , Трчај Лара, трчај
ОТПОР(И)
Дистанцирани од вообичаените стереотипии, уметниците се стремат да ги истражат егзистенцијалните, политички и естетски теми од нашето време. Нови наративни перспективи на нашето време и простор, движење и меморија, историја и лична егзистенција, прифакајќи ја жената во општеството. Куратори се Силке Шмикл и Кристин Сену.
*Басма Ал Шариф е родена на 27 август, 1983 година во Кувајт. Завршува на Универзитетот во Илиноис, насока арт и дизајн. Таа е визуелен артист која посебен акцент става на фотографија, филм/видео, звук, текст и јазик. Басма учествува на повеќе филмски фестивали од кои Интернационални средби ПАРИЗ/БЕРЛИН/МАДРИД, Чикаго алтернативен филмски фестивал, ARTEAST во Њу јорк и многу други.
* Даниел Арбид е родена во Либан, 1970 година. На 17 годишна возраст започнува со студиите по литература во Париз. Во 1997 година ја следи својата интуиција и започнува со режирање филмови. Пројавува интерес кон различни наративни форми, нејзината работа се движи од фикција, лична документација и видео есеј, некогаш експериментира со различни жанрови. Нејзините филмови се селектирани од многубројни фестивали низ Европа. Нејзините филмови се позитивно прифатени од критичката јавност, како и од широката јавна маса. Добитник е на златен леопард и сребрен леопард на Локарно филмскиот фестивал и Алберт Лондрез признание и грант од Вила Медикус. Нејзините два филма Dans les champ de bataille и Un homme perdu влегоа во селекцијата на Канскиот филмски фестивал.
*Fabian Astore е роден во Сиднеј, 1964 година. Неговите филмови се прикажувани на многубројни национални и интернационални фестивали од кои : Сиднеј Филмски фестивал 2004, Интернационален фестивал за видео во Берлин и многу други.
*Mireille Astore е родена во Бејрут во 1961 година е писателка и лекторка на Универзитетот за уметност во Сиднеј. Нејзините филмови се високо признати и се прикажувани во многубројни музеи и фестивали насекаде низ светот.
*Ismail Bahri е роден во Туниз во 1978 година. По завршувањето на студиите во Институтот за применета уметност во Туниз, одлучува да се префрли во Сорбона, каде ги завршува постдипломските студии. Неговата работа се движи од цртеж до видео, од фотографија до инсталациона уметност. Учествува на повеќе изложби.
*Halida Boughriet е современа уметница од Алжирско потекло, моментално живее и работи во Париз. Таа се занимава со скулптура, фотографија и видео инсталација во која вклучува политички, социјални и естетски теми.
*Nazim Djemai е роден во Русија во 1977 година, а живеел во Алжир. Доаѓа во Париз да студира на Сорбона од 1997 до 1998 година. Има направено неколку видеа, документарни и краткометражни филмови. Неговите фотографии се публикувани во повеќе респектабилни списанија и се влезени во селекцијата за наградата Gilles Dusein.
*Khaled Hafey е роден во 1961 година во Египет, во 1961 година. Паралелно со студиите по медицина, посетува и часови на Институтот за применета уметност. Изложува во повеќе галерии во Берлин, Каиро, Милан,Лондон, Њујорк.
*Waheeda Malullah е родена во 1978 година, студира на Универзитетот во Бахреин, каде и работи од 2003 година. Како графички дизајнер таа организира и учествува на многубројни работилници. Таа е член на Асоцијацијата за современа уметност на Бахреин. Има изложувано во галеријата Ал Риваг. Нејзините дела се презентирани на групни изложби во 2009 во Арт Дубаи, Фондацијата Делфина во Лондон, 11-то Биенале во Каиро, Интернационалниот фестивал за видео, 2008 година во Казабланка, Галерија Ифа во Берлин. Нејзините видеа имаат добиено многубројни признанија и награди.
*Larissa Sansour е родена во Ерусалим, студира применета уметност во Копенхаген, Лондон и Њујорк и ги завршува мастер студиите на Њујорк универзитетот. Нејзината интердисциплинарна работа се состои од моменталната политичка сцена, збир од видео арт, фотографија, експериментален и документарен филм, интернет и принт. Таа го користи јазикот на филмот, поп културата и телевизијата. Нејзините дела се прикажувани на повеќе интернационални арт изложби во Јужна Кореа, Кина, Истанбул.
17.06.2010
Претставување и разговор со уметникот Давид Боуб
Локација:
Стара чаршија - Фрик центар (крајот од паркингот кај ТЦ Мавровка)
Почеток:
21:00
Давид Боб (1972), Берлин, Германија По завршување на неговите студии по архитектура во Касел, дипломира на одделот за скулптура и нови медиуми во Дрезден во 2003. Од 2003 година Боб работи со видео и како што самиот вели наративни/експериментални перформанси. Целокупната продукција ја работи самиот тој користејќи најразлични техники и софтвери како на пример комбинирајќи видео со 3Д анимации. Повеќето негови дела обработуваат теми како меѓучовечки односи и проблематични социјални теми како род, идентитет и проблеми со самодовербата, обидувајќи се да дојде до самата суштина но при тоа да не се загуби смислата за хумор. Авторот ќе се претстави со сопствена селекција на досегашната работа.
18.06.2010
Претставување и разговор со режисерот Мин Доунг.
Локација:
Стара чаршија - Фрик центар (крајот од паркингот кај ТЦ Мавровка)
Почеток:
21:00
Мин Доунг (1981), Минхен, Германија Од 2001 година посетува курсеви за продукција на слика, кратки и долгометражни филмови и од 2002 година работи како независен автор за филм,ТВ и реклами. Дипломира на Универзитетот за телевизија и филм во Минхен, отсек режија. Режисер е на неколку кратки филмови што ќе бидат прикажани пред разговорот со режисерот (како и филмот Мари од 2008 година, што беше прикажан на отворањето на минатогодишниот Фрик Филм Фестивал).
Карл, краток филм, во боја, 15'
Тепачки, краток филм, во боја, 5'
Мари, краток филм, во боја 30'
19.06.2010
Затворање на фестивалот со промоција на публикацијата на македонска поезија и проза , селекција од распишаниот конкурс од ФРИК и своевиден обид за поголема афирмација и поддршка на неиздадени автори. Промоцијата на изданието ќе биде пропратено со перформанс на две уметнички трупи од Македонија.
Локација:
Натпатник Влајко
Почеток:
21:00
Haiku Terminators (Скопје, Македонија)
Трио (Владимир Лукаш, Александар Нинич, Ели Чочова) кое создава авантгарден фузион звук, минијатури, инспирирани од јапонската хаику форма и традиција. Прв пат настапува во овој состав - жичан инструмент, тромбон, перкусии, електроника и вокал.
Свирачиња, Скопје, Македонија
Свирачиња е мултимедијална група која работи во областа на перформансот, видео, музика и радио. Формирана е од пет млади уметници од Скопје, Македонија, Димитар Самарџиев, Љубиша Камењаров, Владимир Лукаш, Вук Митевски и Ѓорѓе Јовановиќ. Главниот концепт на нивната работа е импровизација во која користат различни инструменти како детски играчки и традиционални музички инструменти, истовремено занимавајќи се со актуелните случувања во нивниот град и држава. Нивните акции и перформанси ги рефлектираат и коментираат актуелните социјални и политички потреси.